Top Sport

Хозу со пет титули во низа, трето злато за Сјестрем и Пити во Глазгов

Унгарката Катинка Хозу триумфираше на трката на 200 метри мешано на ЕП во Глазгов за да стане првата жена со пет последователни европски титули во иста дисциплина.

Хозу, која освојуваше титули во Будимпешта во 2010, во Дебрецен во 2012, во Берлин во 2014, во Лондон во 2016, сега се приклучи на својот сонародник Ласло Чех, како единствени пливачи со пет победи во низа (Чех победуваше на 200 мешано од 2004 до 2012 година).

Британецот Адам Пити стигна до третиот златен медал на Европското првенство во пливање во Глазгов, откако исплива 26.09 на 50 метри градно за победа пред Италијанецот Фабио Скоцоли и Словенецот Питер Џон Стивенс.

23-годишниот Пити, кој сега е сопственик на дури 11 европски титули, го подобри својот личен рекорд во трите трки ан 50 метри градно за да го додаде златото на тоа на 4х100 метри мешано и на 100 метри градно.

„Се надевам дека следната година повторно ќе срушам некој рекорд. Имам уште една штафетна трка утре, така што морам да останам смирен“, вели Пити.

Трето злато во Глазгов има и Швеѓанката Сара Сјестрем, иако немаше најдобра трка на 100 метри слободно. Сјестрем, која е сопственик на светскиот рекорд од 51.71, стигна до победа со слабо време од 52.93, пред Холанѓанката Фемке Хемскерк (53.23) и Французинката Шарлот Боне (53.35). Италијанката Федерика Пелегрини, инаку светска рекордерка на 200 метри слободно беше само петта во нејзиното единствено индивидуално финале на шампионатот.

Евгениј Рилов пак, го сруши сопствениот европски рекорд на 200 метри грбно, за со време од 1:53.36 да ја освои титулата пред Полјакот Радослав Кавецки и Италијанецот Матео Рестиво.

ЕП ПЛИВАЊЕ, ГЛАЗГОВ

800 М СЛОБОДНО (М)

1.Михајло Романчук (Укр) 7:42.96

2.Грегорио Палтриниери (Ита) 7:45.12

3.Флоријан Велброк (Гер) 7:45.60

100 М СЛОБОДНО (Ж)

1.Сара Сјестрем (Шве) 52.93

2.Фемке Хемскерк (Хол) 53.23

3.Шарлот Боне (Фра) 53.35

50 М ГРАДНО (М)

1.Адам Пити (Бри) 26.09

2.Фабио Скоцоли (Ита) 26.79

3.Питер Џон Стивенс (Сло) 27.06

200 М ГРБНО (М)

1.Евгениј Рилов (Рус) 1:53.36

2.Радослав Кавецки (Пол) 1:56.07

3.Матео Рестиво (Ита) 1:56.29

200 М МЕШАНО (Ж)

1.Катинка Хозу (Унг) 2:10.17

2.Иларија Кузинато (Ита) 2:10.25

3.Марија Уголкова (Шва) 2:10.83

4х100 М СЛОБОДНО (МЕШАНО)

1.Франција 3:22.07

2.Холандија 3:23.97

3.Русија 3:24.50

Scroll to Top