Top Sport

Хрватот Хрговиќ со прва титула во кариерата (видео)

Хрватскиот боксер, Филип Хрговиќ ја освои првата титула во својата кариера, откако го нокаутираше Американецот Амир Мансур во Загреб за да ја освои ВБЦ интернационалната титула во тешка категорија.

26-годишниот Хрговиќ (6-0), доминираше во мечот со 10 години постариот противник со својата височина и долгите раце. Тој го прати Американецот на колена во третата рунда со силен удар со десницата, пред да ја заврши работата подоцна во рундата, кога судијата го прекина мечот.

„Благодарам на сите, се надевам дека не ве разочарав. Сега сум подготвен за било кого. Ги сакам сите појаси во тешка категорија“, изјави Хрговиќ.

Мансур беше замена за Гери Корниш, кој се повлече поради повреда. ВБЦ интернационалната титула е едно ниво „подолу“ од главниот ВБЦ појас, кој останува кај Американецот Дионтеј Вајлдер.

Scroll to Top