Top Sport

Хрватот остана без здив рекордни 24 минути и 11 секунди (видео)

Будимир Шобат-Буда го сруши сопствениот светски рекорд, останувајќи под вода без здив неверојатни 24 минути и 11 секунди како дел од акцијата за зголемување на свеноста за аутизмот.

„Мојата ќерка Саша има аутизам, така што многу добро знам што тоа значи. Пред шест месеци решив да се обидам да го срушам рекордот од 24:03, но не од спортски мотив, туку од желбата да привлечам внимание на повеќе луѓе. Ова е за сите деца со аутизам“, изјави Шобат.

Шобат претходниот рекорд го постави минатата година во Сплит како дел од медицинското истражување за способноста на човековото тело.

Верувале или не, ова е „спортска дисциплина“ под името „статичка апнеа“, која според многумина носи опасности за тие што нуркаат.

„На крајот почнувам да се штипам. Кога нема да почувствувам болка, знам дека сум блиску до ’блекаут’ и тогаш е време да излезам“, објаснува Буда.

Scroll to Top