Top Sport

Два неверојатни гола во француската трета лига (видео)

Дуелот меѓу Лион Душер и Ентент ССГ во петокот навечер не привлече многу внимание на љубителите на фудбалот, посебно бидејќи се работи за меч од француската трета лига.

Меѓутоа, тие кои го следеа мечот (а потоа и тие кои ги следеа головите на Интернет), присуствуваа на два фанатстични волеј-голови.

Откако рано примија гол, Ентент намалија во 30. минута преку Вилијамс Си Несемон, кој постави неверојатен гол, радувајќи го францускиот коментатор, кој веднаш го спомена и Златан Ибрахимовиќ. Техниката беше неверојатна!

Ентент потоа постигнаа гол во второто полувреме за 2:1 водство, пред Лион Душер да израмнат на драматичен начин во финишот на натпреварот. Голот беше исто толку неверојатен, а заслужен беше Матју Езикијан за 2:2.

Scroll to Top