Ватерполистите репрезентацијата на Хрватска приреди големо изненадување во четвртфиналето со 10:8 ја елиминира Шпанија, според сите прогнози најголемиот фаворит за златниот медал.
Извонредната прва четвртина во која Јокивиќ постигна два гола, а Бијач не им дозволи на Шпанците да постигнат гол им го трасираше патот кон полуфиналето на хрватските ватерполисти.
Имаа Хрватите 6:3 на крајот од првото полувреме, а кога дојдоа на 8:5 беше извесно дека ќе ја поразат Шпанија.
Јоковиќ, Харков и Фатовиќ со по два гола ја предводеа Хрватска. Тројца играчи со по два гола имаше и во редовите на актуелниот европски првак: Мунариз, Гранадос и Санахуја.