Top Sport

Хрватска и Шпанија ќе се борат за континенталното злато во ватерполо

Ватерполо репрезентациите на Хрватска и Шпанија ќе се борат за трофејот на Европското првенство.

Шпанија во првото полуфинале ја победи Италија со 7:4. Овој меч беше реприза на дуелот за бронзениот медал од минатото првенство.

Алваро Гранадос и Фелипе Пероне беа најзаслужни за триумфот во една ваква тешка партија со по два гола.

Хрватите пред домашната публика ја победија Унгарија со 11:8.

Најефикасен кај Хрватска беше Јерко Мариниќ Крагиќ со три гола, а Лорен Фатовиќ додаде два.

Кај Унгарците со по три гола најдобри беа Винс Вигвари и Адам Наѓ.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');