Хрватска ја доби големата пресметка против лутиот ривал Србија со 14:12 за пласман во полуфиналето на Светското првенство во ватерполо во Будимпешта, каде што може да ги очекува уште еден ривал од поранешна Југославија, Црна Гора, која подоцна игра со Шпанија.
Мечот беше израмнет во првите две четвртини, по што Хрватска успеа да направи предност од три гола (8:5) во третата четвртина, предност која ја заддржаа до крајот.
Двете ватерполо-велесили последен пат се сретнаа на Олимпијадата во Токио минатата година, кога Хрватска победи со идентични 14:12 во групната фаза на натпреварувањето. Во последните 20 меѓусебни дуели, Србите уште имаат предност од 11:9.
Претходно, Грција со 16:11 ја совлада репрезентацијата на САД за полуфинале, каде што ќе ги чека подобриот од дуелот меѓу домаќинот (и главен фаворит), Унгарија.
СП БУДИМПЕШТА, 1/4 ФИНАЛЕ
Грција – САД 16:11 (3:1, 4:6, 3:0, 6:4)
Хрватска – Србија 14:12 (1:1, 4:3, 5:5, 4:3)
Шпанија – Црна Гора 19.30 ч.
Унгарија – Италија 21.30 ч.
ПОЛУФИНАЛЕ
Хрватска – Шпанија/Црна Гора
Грција – Унгарија/Италија