Хрватската ватерполо репрезентација лесно со 13:7 ја победи Грузија за да се пласира во четврт-финалето на Светското првенство во Будимпешта, каде што ги чекаат актуелните олимписки шампиони и лути ривали Србија.
Хрватите мораа да играат осминафинале, откако го освоија второто место во својата група зад Грција поради полошата гол-разлика. Грузијците успеаја да оддржуваат резултатска рамнотежа до 3:3 во првата четвртина, по што до крајот на втората, Хрватите се овоија на 7:4, по што рутински стигнаа до победата. Константин Харков со 5 гола беше најефикасен за Хрватите.
Претходно, Црна Гора со тесни 10:9 го победи најпријатното изненадување на турнирот, Јапонија, за да влезе во четврт-финалето, каде што ќе играат против Шпанија.