Борна Чориќ и Марин Чилиќ стигнаа до експресни победи над своите американски противници во Задар, за да ја донесат Хрватска на една победа од финале од Дејвис купот.
Прв на теренот излезе младиот Чориќ, кој немаше проблеми и ја воодушеви гласната публика со 6:4/7:6(4)/6:3 победа над Стив Џонсон, кој во целиот меч успеа да освои само еден брејк во вториот сет, кога Чориќ мораше да игра тај-брејк.
„Ги освоив сите важни поени, форхендот ме ’слушаше’. Беше чудно да се игра толку рано наутро со толку многу публика“, изјави Чориќ.
До водство од 2:0 Хрватите ги донесе Марин Чилиќ, кој со 6:1/6:3/7:6(4), така што Хрватите сега можат да се пласираат во финалето уште утре во мечот во двојки меѓу Павиќ/Додиг и Брајан/Херисон.
Во второто полуфинале, во Лил, Франција поведе со 1:0 против Шпанија, која игра без светскиот број 1, Рафаел Надал. Беноа Пер во својот прв Дејвис куп меч, со 7:5/6:1/6:0 го „збриша“ Пабло Карењо Буста, кој се мачеше со повреда на левиот бутен мускул и во последниот сет воопшто не трчаше по поени. Во вториот денешен меч, Лукас Пуј игра со Роберто Баутиста Агут.
Фото: ЕПА