Top Sport

Хрватски тренер уапсен поради сексуално злоставување на малолетнички

Познат хрватски тренер (66) чие име не е откривено, бил уапсен во северо-западна Хрватска, под сомнение дека сексуално злоставувал малолетни девојчиња.

Тренерот, за кого се тврди дека во 70.години од минатиот век бил шампион на Хрватска во својата категорија е обвинет дека злоставувал четири млади спортистки на возраст од 11 до 17 години.

Делата, наводно ги направил во периодот од 2003 до 2015 година.

Од неговиот клуб и матичниот Сојуз не сакале да ги коментираат медиумските извештаи.

На тренерот му бил одреден 30.дневен притвор, за да не можел да влијае врз сведоците.

Scroll to Top