Top Sport

Хрватскиот тенисер Гојо во одбрана на Јокиќ: Се напил, па што, не е робот!

Хрватскиот тенисер Борна Гојо, кој ги изненади сите со пласманот во третото коло на САД опен, смета дека спортистите се обични луѓе како сите други и дека мора да им се даде простор да го живеат својот живот, коментирајќи ги снимките на НБА ѕвездата од Србија, Никола Јокиќ, кој добро се забавува во родниот Сомбор, каде што дури и се појави на улиците во алкохолизирана состојба.

„Секоја чест за него. Тој е неверојатен спортист, а другите работи се нормални. Што сега, зарем би требало спортистите да бидат роботи? Мене ми е глупаво да се претставуваш нешто што не си. Јас не сум ниту поумен од другите, ниту сум подобар, туку само си ја вршам својата работа како што можам. Дали по тренинг ќе испијам два пелинковци, не ми е јасно што е проблемот тука. Можеби тоа што луѓето имаат телефони и снимаат. Еве Јокиќ го снимија, се напил. Па, човекот ја освои НБА лигата, има 200 милиони. Јас? Па да сум во таква ситуација трипати би бил во весниците секој ден“, вели Гојо.

(Видео) Јокиќ шоу на концерт на Цеца

(Видео) Јокиќ шоу на концерт на Цеца

Scroll to Top