Top Sport

Хукер изеде ќотек и по излегувањето од болница призна: Еј, тоа е УФЦ! (видео)

Ден Хукер загуби на поени од Дастин Поарие во еден од најдобрите УФЦ мечеви во 2020 година, и заврши во болница, по што им прати порака на своите фанови дека сè е во ред и дека тоа е „играта“ во УФЦ.

Новозеланѓанецот Хукер загуби на поени по пет рунди од Поарие иако имаше подобар старт, и се појави со незгодна исеченица над окото, отечен нос и уста велејќи дека ќе се врати посилен по само вториот пораз во кариерата.

„Еј, поздрав до сите! Се вратив во хотелот со момците на вечера. Само што излегов од болница и сè е во ред. Само неколку конци на окото. Но, еј, тоа е играта која ја играме. Не се грижете. Мал чекор назад и ќе се вратиме“, вели Хукер.

Поарие го доби Хукер во најдобриот УФЦ меч во 2020 (видео)

Scroll to Top