Top Sport

Хуман гест на Елина Свитолина

Украинската тенисерка Елина Свитолина ја воодушеви јавноста со еден свој гест. Свитолина решила да ја плати операцијата на сонародничката Дарија Лопатеска.

Свитолина, која на ВТА листата се наоѓа на шестото место, решила да плати 12.000 евра за да и помогне на 16 годишната Лопатеска, која неодамна доживеала тешка повреда на коленото.

За хуманиот гест јавноста дознала откако сестрата на Дарија, преку социјалните мрежи упатила благодарност до Свитолина.

Елина има 24 години, во кариерата има освоено 13 титули, а досега заработила 14 милиони долари. Во последно време вниманието на медиумите го привлекува и поради романсата што ја има со колегата Гаел Монфилс.

Scroll to Top