Уште еден играч од Топ 10 се откажа од настапот на Олимписките игри во Токио. Финалистот на Вимблдон, Матео Беретини, објави дека нема да игра на Олимписките игри.
Осмиот светски рекет, се наоѓа во одлична форма и важеше за еден од фаворитите на турнирот во Токио.
Беретини се откажа од Токио поради повреда на мускулот. Лекарите му препорачале да мирува во наредните две недели.
Покрај, Беретини од Топ 10 играчите, во Токио нема да играат Рафаел Надал, Доминик Тим и Роџер Федерер.