Поранешниот спринтер и официјално најбрзиот човек на планетата (неговиот рекорд не е соборен), Усеин Болт е уште еден во низата познати спортисти кој го прифати предизвикот да жонглира со тоалетна хартија.
Краткото видео го закачи на Твитер, погледнете како изгледаше тоа:
#StayAtHomeChallenge pic.twitter.com/OU8XuFIFZi
— Usain St. Leo Bolt (@usainbolt) March 21, 2020
Жонглирањето со тоалетна хартија се претвори во акција која има за цел да апелира кај луѓето да останат во своите домови и така да придонесат да се намали ширењето на коронавирусот.