Top Sport

И Фоњини е позитивен на коронавирусот

Најдобриот италијански тенисер Фабио Фоњини е позитивен на коронавирусот, потврдија денеска организаторите на АТП турнирот во Сардинија каде токму тој беше прв носител. Тој нема никакви симптоми, се чувствува добро и доколку не беа задолжителните тестови пред настап, не би помислил дека е заразен со вирусот, информираат италијанските медиуми.

Фоњини кој е 16-ти на АТП листата во моментов денеска требаше да го одигра првиот меч на турнирот против Шпанецот Роберто Карбалес Баена. На негово место, на турнирот ќе настапи Србинот Данило Петровиќ кој е на 166-тата позиција на табелата на светски тенисери.

Фоњини во кариерата има освоено 9 АТП титули, а највисоко на табелата бил на деветтата позиција.

Scroll to Top