Top Sport

Кака: Пирло ќе биде посебен и како тренер!

Италијанецот Андреа Пирло минатото лето го презема кормилото на Јувентус, па се уште не се соочил со вистинските предизвици на клупата на „Старата дама“. Неговиот поранешен соиграч од Милан, Бразилецот Кака смета дека Пирло ќе направи голема тренерска кариера.

„Забавно е, уживам да ги гледам екс-соиграчите како работат во големи клубови“ рече Кака за „Газета дело Спорт“.

Бразилецот верува дека предноста на Пирло е што во кариерата соработувал со големи тренерски имиња како Карло Анчелоти, Масимилијано Алегри и Антонио Конте.

„Андреа го знае фудбалот, ќе биде убаво да се следи како работи. Имаше среќа да соработува со големи тренери, но сепак мислам дека Пирло ќе биде уникатен и како тренер“ смета Кака.

Scroll to Top