Top Sport

И голманите се тепаат, зарем не? (видео)

Тепачките на хокеарите не се никаква новост во светот на НХЛ лигата, но во саботата гледачите на „Битката на Алберта“, дуелот помеѓу Едмонтон оилерс и Калгари флејмс, имаа ретка шанса да видат голмани како се тепаат.

Мајк Смит (Едмонтон) и Кам Талбот (Оилерс), уште повеќе го загреаја големото ривалство на двата канадски тима, откако во последната минута од втората третина, Смит реагираше на мешаницата зад голот на Едмонтон и го предизвика Талбот за да почне дуелот. Судиите бргу го прекинаа боксерскиот меч и двајцата голмани беа пратени на клупата.

Оилерс на крајот славеа, триумфирајќи 8:3 на гости кај Калгари.

Scroll to Top