Top Sport

Новак ги губи нервите и мечот, виновен му е судијата (видео)

Новак Ѓоковиќ губи со 2:1 во сетови во финалето на Австралија опен од Доминик Тим, а највиновен му е судијата на столче Дамиен Думосис, велејќи дека судијата сака да „стане славен“.

Србинот доби две предупредувања за предолго заддржување во ист гем, по што реши да влезе во расправија со судијата. Второто предупредување го „чинеше“ прв сервис додека се бранеше на брејк-поен.

„Одлична работа, човеку, посебно втората. Сега си славен, многу добро. Мисијата е остварена“, се расправаше Новак.

Откако го освои првиот сет со 6:4, работите тргнаа надолу за Ѓоковиќ, додека Тим ги освои следните два сета.

Scroll to Top