Top Sport

И Круниќ против идејата на Ѓоковиќ: Зошто би ги плаќала другите тенисери?

Српската тенисерка Александра Круниќ, која инаку е член на советот на играчи на ВТА, се спротистави на идејата на нејзиниот сонародник Новак Ѓоковиќ за формирање на фонд за парична помош на понискорангираните тенисери и тенисерки.

Круниќ смета дека секој треба да биде одговорен за сопствената финансиска ситуација.

„Тенисерките не се сложуваат и да ги плаќаат преостанатите 600 или 700 тенисерки. И јас се согласувам со тоа, и мислам дека треба да биде еднакво за сите. Ако гренд слем турнирите даваат пари, тогаш парите треба да одат кај тенисерките кои играат на тој гренд слем. Ако не можеш да се квалификуваш на најголемите турнири, и така нема да добиеш ништо. Некој кој не во првите 500 на ВТА листата со оваа идеја би заработил повеќе отколку да имаше тенис“, вели Круниќ.

Сепак, таа вели дека сочувствува со колешките кои се надвор од топ 200.

„Сите знаеме како живеат тенисерите и тенисерките кои не се меѓу најдобрите 200. Меѓутоа, ако барате некој да ви даде 30.000 долари, тогаш ќе се запрашате: ’Кого јас помагам?’“, вели Круниќ.

Scroll to Top