Одбраната на титулата во тешка категорија на Британецот Ентони Џошуа против бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев ќе биде одложен неколку месеци поради корона вирусот, признава Пулев.
38-годишниот Пулев, кој е поранешен европски шампион во аматерска конкуренција, тврди дека мечот ќе се оддржи при крајот на годината наместо на 20 јуни на стадионот на Тотенхем во Лондон. Стадионот со 62.000 седишта веќе не е достапен откако УЕФА го одложи Европското првенство во 2021, а сезоната од Премиер лигата најверојатно ќе продолжи во текот на летото.
„Невозможно е да има меч на 20 јуни, иако јас сум подготвен. Мечот ќе се оддржи неколку месеци подоцна, најверојатно до крајот на годината“, изјави популарната „Кобра“.
Пулев долго време чека на втора шанса против Џошуа откако првиот меч беше одложен поради негова повреда. Тој веќе загуби еден меч за титулата – губејќи со нокаут во петтата рунда од Владимир Кличко во 2014 година.