Top Sport

И официјално – нема тенис барем до 7 јуни!

АТП и ВТА турнеите ја продолжија суспензијата на турнеите барем до 7 јуни, објавија двете професионални организации во заедничко соопштение, потврдувајќи дека корона вирусот направи хаос во тенискиот календар.

Ова значи дека сезоната на земја нема да се оддржи според планираното, а во исто време АТП и ВТА рејтингот ќе остане замрзнат во овој период.

„Предизвиците кои ги носи пандемијата на КОВИД-19 на професионалниот тенис бараат соработка на сите во нашата заедница. Ги разгледуваме сите опции да го зачуваме тенискиот календар оваа сезона“, се вели во соопштението.

Ова доаѓа по шокантната вчерашна вест дека Францускиот опен на Ролан Гарос, се презакажува од мај во септември, веднаш по крајот на САД опен во Њујорк, одлука која беше критикувани од организаторите на гренд слемот на Флешинг Медоуз.

Scroll to Top