Јапонката Наоми Осака добрата форма од мастерсот во Индијан Велс, каде ја освои титулата, ја пренесе и во Мајами. Таа во првото коло на овој мастерс ја победи Серена Вилијамс.
Осака дуелот против една од најдобрите тенисерки во историјата го доби во два сета (6:3, 6:2).
Јапонката против Серена продолжи онаму каде што застана минатата недела во Индијан Велс, каде меѓудругите ги победи Шарапова, Радванска, Плишкова и Калеп.
Од друга страна Серена го одигра четвртиот меч по долгата пауза. Уште од самиот почеток беше видливо дека Серена не може да и парира на расположената јапонска тенисерка која максимално ги користеше своите шанси за брејк. Покрај тоа Осака одлично сервираше, а на својот прв сервис во целиот меч таа загуби само седум поени.