Top Sport

И Шпанија со услов за Ѓоковиќ – мора да се вакцинира ако сака да игра

Изабел Родригез, портпаролката на шпанската влада потврди дека услов за играње тенис во Шпанија ќе биде вакцинацијата против КОВИД-19, што значи дека светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ нема да може да игра ниту на Мастерсот во Мадрид во мај.

„Господинот Ѓоковиќ треба да се вакцинира, бидејќи тоа е најразумниот потег“, одговори Родригез на прашање од новинарите.

Ѓоковиќ има куќа во Марбелја, Шпанија, каде што беше во декември пред (не)славното патување во Австралија од каде што беше депортиран.

Scroll to Top