Top Sport

И тоа се случува! 90-годишен велосипедист го загуби рекордот поради позитивен тест

Американскиот ветеран, 90-годишниот велосипедист Карл Гроув го загуби светскиот рекорд поставен во 2018 година, откако Американската анти-допинг агенција (УСАДА) му издаде предупредување поради позитивен допинг-тест.

Гроув постави нов рекорд со победа на УС Мастерс шампионатот во трки на велодром во дисциплината спринт за возрасната група 90-94, пред да биде позитивен на епитренболон, супстанција на забранетата листа.

Сепак, од УСАДА беа внимателни во одредувањето на вината на „дедото“, оценувајќи дека е „многу веројатно“ дека прекршокот се случил поради јадење на контаминирано месо пред натпреварувањето, бидејќи тестот направен еден ден претходно бил негативен.

Алберто Контадор, сега веќе пензионираниот поранешен шампион од сите големи трки (Тур де Франс, Вуелта Еспања, Џиро Д’Италија) во 2012 година доби двегодишна суспензија и ја загуби титулата од ТдФ 2010 откако во неговото тело беше пронајден кленбутерол. Тој постојано тврдеше дека се работи за јадење на контаминирано парче месо.

Scroll to Top