Top Sport

Меси и Суарез ја „одлепија“ Барса на +5 (видео)

Барселона стигна до тешко извојувана, но заслужена 2:1 победа на гостувањето кај Хетафе за да се зацврсти на врвот на табелата во Ла лига по последниот меч од 18. коло.

Првиот меч во 2019 година, Каталонците го почнаа со гол на Лео Меси, кој во 20. минута ја искористи лошата реакција на домашната одбрана за да донесе водство за Барса. Гостите зголемија на 0:2 во 39. минута преку Луис Суарез со фантастичен гол од работ на шестнаесетникот по една одбиена топка.

Домаќините пред крајот на полувремето успеаја да намалат на 1:2 преку Хаиме Мата, меѓутоа до крајот на мечот не успеаја да стигнат до израмнувачкиот гол.

Барселона сега има 40 поени на врвот на Ла лига, пет повеќе од Атлетико Мадрид и седум пред Севилја. Реал Мадрид заостанува 10 поени на шестото место.

Фото: ЕПА

Scroll to Top