Германскиот тенисер Александер Зверев (23) оди по стапките на поискусниот колега, Новак Ѓоковиќ. Тој денеска потврди дека ќе патува во САД и ќе учествува на Отвореното првенство, грен слемот во Њујорк.
Ова е добра вест за организаторите откако голем дел од познатите тениски имиња во светот ќе го прескокнат Њујорк како потенцијално опасна дестинација за патување, во време кога во САД широко е распространет вирусот Ковид 19.
„Зверев веќе 3 недели се подготвува за настап на најголемите турнири. Во сабота ќе отпатува за САДза да се навикне на условите“ – соопштија од тимот на Германецот.
Организаторите на турнирот ветија безбедност за сите учесници, а наговестија и дека се ќе се одвива по строги протоколи за да се избегнат ризиците поврзани со коронавирусот.
И тенисерите и тенисерките кои ќе настапат на Флешинг Медоуз веруваат дека правилата ќе се почитуваат од сите.
Финансискиот момент е пресуден кај поголемиот дел од играчите, пред се оние послабо рангираните затоа што вонредна ситуација која го зафати целиот свет доведе до финансиски колапс.
САД ќе започне на последниот ден од месецов, а финалето во машка конкуренција е предвидено за на 13 септември.