Top Sport

ИААФ тврди: Семенја мора да се натпреварува како машко?

Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) на сослушувањето пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) следната недела ќе тврди дека Јужноафриканката Кастер Семенја, олимписката шампионка на 800 метри треба да се натпреварува со мажите, тврди британскиот „Тајмс“.

Според весникот, ИААФ сака 28-годишната Семенја да добие забрана за настап на женските натпреварувања, или ако тоа и се дозволи, таа да зема средства за намалување на тестостеронот, како што прават трансродовите спортисти. Случајот пред ЦАС ќе трае пет дена, и покрај судбината на Семенја, ќе може да ја одреди иднината на трансродовите спортисти кои се натпреваруваат во женските категории.

Овој случај доби на „сила“ по финалето на 800 метри на Олимпијадата во Рио, каде што покрај победничката Семенја беа поставени прашања за нивото на тестостерон и на освојувачката на среброто, Френсин Нијонсаба од Бурунди и освојувачката на бронза, Кенијката Маргарет Вамбуи.

Минатата година, Обединетите Нации (ОН) побара ИААФ да го прекине случајот бидејќи се прекршуваат човековите права на жените со природно високо ниво на тестостерон. Од друга страна во ИААФ сметаат дека ваквите спортистки имаат не-фер предност пред жените со нормално ниво на тестостерон, кое е 15 пати помало од нивото кај мажите.

Фото: ЕПА

Scroll to Top