Полската тинејџерка Ига Швјонтек со победата над Софија Кенин ја освои титулата на Ролан Гарос. Швјонтек победи со 6/4, 6/1 за само 80 минути игра. Полската тенисерка на патот до трофејот не загуби ниту еден сет.
Швјонтек во финалето играше импресивно. Кенин, која на почетокот на годината победи на Австралија опен, се држеше во мечот до 5:4 во првиот сет. Имаше Американката сервис за 5:5, меѓтуао од тој момент на теренот постоеше само Швјонтек. Со брејк го освои првиот сет, а иако го загуби стартниот гем во вториот, до крајот на противничката не и дзоволи да освои ниту еден гем.
Швјонтек мечот го заврши со 25 директни поени 17 неизнудени грешки, а спротивната страна кај Кенин тој однос беше 10/23.
19 годишната тенисерка од Полска на Ролан Гарос дојде како 53 на АТП листата, а од утре ќе биде 17 во светот.