Top Sport

Играч на ЛА Ејнџелс пронајден мртов

Американската јавност е во шок по информацијата дека бејзбол играчот на Лос Анџелес Ејнџелс, Тајлер Скагс (27), бил пронајден мртов во хотелска соба.

Скагс неколку сезони бил прв фрлач на екипата од Лос Анџелес, тој починал пред мечот со Тексас Ренџерс.

Од што починал играчот не е познато. Медиумите само објавија дека не станува збор за насилна смрт. Скагс не давал знаци на живот кога полицајците влегле во хотелската соба.

Од клубот ја потврдиле информацијата дека нивниот играч починал и информирале дека мечот против Тексас Ренџерс е откажан.

Scroll to Top