Top Sport

Модриќ нема да оди во Милан, одбиена понудата на Бобан

Лука Модриќ ја одбил понудата на својот идол од детството Звонимир Бобан кариерата да ја продолжи во редовите на Милан. Бобан стана нов спортски директор на Милан откако Леонардо го напушти клубот.

„Марка“ и „Газета дело Спорт“, пред неколку дена објавија дека кога бил во Мадрид да го договара трансферот на Тео Ернандез, Бобан имал состанок со челниците на Реал и околу потенцијалниот трансфер на својот сонародник Модриќ.

Бобан сметал дека со Модриќ во тимот Милан може да се врати во врвот на италијанскиот, а потоа и европскиот фудбал.

Модриќ веројатно кариерата ќе ја заврши во Реал. Со „кралскиот клуб“ има договор до наредното лето, а според медиумите наскоро ќе потпише нов договор, бидејќи тоа го побарал тренерот Зинедин Зидан кој имал целосна доверба во носителот на „Златната топка“.

„Уште најмалку една можеш да бидеш креатор на играта на Реал, годините не се важни. Тоа ќе го докажеме и со новиот договор што наскоро ќе го добиеш“, ги пренесува зборовите на Зидан радиото „Кадена Копе“.

Scroll to Top