Top Sport

Играч на Мајами тешко повреден во сообраќајна несреќа

Играчот на Мајами Долфинс Кендрик Нортон доживеал тешка сообраќајна несреќа, а поради сериозноста на повредите му била ампутирана раката.

Несреќата се случила во Мајами, во средата, а 22 годишниот играч во тешка здравствена состојба бил хоспитализиран.

„За жал можам да потврдам дека Кендрик Нортон учествувал во сообраќајна несреќа. Доживеа бројни повреди поради што му е ампутирана раката. Ве повикувам да се помолите за него. Семејствоот Нортон ве моли да ја почитувате нивната приватност“, рекол менаџерот на младиот играч Малки Кава.

Нортон во 2018 година во седмата рунда на драфтот бил избран од Каролина Пантерс, а во декември минатата година стана играч на Мајами Долфинс.

Scroll to Top