Трикратната олимписка шампионка, Илејн Томпсон-Хера постави рекорд на митингот од Дијамантската лига во Париз, истрчувајќи 10.72, уште еднаш заканувајќи се на недостижниот светски рекорд на Флоренс Грифит Џојнер од 1988 година.
Јамајчанката минатиот викенд истрча второ најдобро време во историјата со 10.54, во четвртокот имаше 10.64 во Лозана, пред вчерашниот резултат во Париз.
„Светскиот рекорд е краткотрајна цел. Сега сум шампионка на 100 и 200 метри и никогаш не сум била толку брза. Задоволна сум од тоа што го направив во 2021“, изјави Томпсон-Хера по трката.
Elaine Thompson-Herah wins in 10.72s. Breaks 6 year-old meet record. pic.twitter.com/7KjovpSdpt
— Wayne Chen (@wcchen) August 28, 2021