Рафаел Надал, победникот на Ролан Гарос, истакнал дека со голема самодоверба го очекува почетокот на третиот Грен-слем турнир во сезоната, Вимблдон.
Иако од почетокот на годината има освоено само две титули (Мастерс Рим и Ролан Гарос), Надал игра одличен тенис оваа сезона, а со високи амбиции го очекува и најпрестижниот турнир во светото на тенисот.
„Реално, секогаш кога сум бил здрав и во добра форма сум имал шанси да го освојам Вимблдон. Пет пати по ред играв во финалето, а малку недостигаше и лани да стигнам до финалниот меч“, рекол Надал.
Шпанецот дополнил дека самодовербата му е зголемена по освојувањето на 12 титулата на Ролан Гарос.
„Подготвен сум, можам добро подготвен да стигнам во Лондон, ќе видиме што ќе се случи“.
Рафаел Надал до почетокот на Вимблдон нема да настапи на ниту еден турнир.