Новак Ѓоковиќ на импресивен начин обезбеди пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами. Шесткратниот победник на турнирот со 6:2, 6:2 го совлада 15.носител, Италијанецот Лоренц Мусети.
Ѓоковиќ лошо го започна мечот, ги загуби првите два гема, а потоа како да се налути и до крајот на противникот му препушти уште само два гема.
Буквално црташе по теренот српскиот тенисер, нанижа девет гема, го доби првиот сет со 6.2, поведе во вториот со 3:0. Кога намали на 3:1, Мусети бурно го прослави освојувањето на тој гем. До крајот освои уште само еден.
Мечот во Мајми од трибините го следеа две големи ѕвезди, Серена Вилијамс и Хуан Мартин дел Потро кој седеше во ложата на Ѓоковиќ.
„Да, толку многу ѕвезди. Беше прекрасно што го видов Делпо прво, се разбира, долго време сме пријатели и исто така бевме ривали, многу сум среќен што тој е тука. Одлично е што ја имам неговата поддршка од боксот, благодарам што дојде. И Серена беше таму, тоа беше изненадување, не знаев дека е тука. Кога го погодив тој пасинг до самата линија, ја прашав дали е тоа добро, а таа рече дека не е лошо. Ако таа вели дека не е лошо, тоа значи декабило фантастично за сите можни стандарди“, рече Ѓоковиќ по натпреварот.
Следен ривал на Ѓоковиќ ќе биде Себастијан Корда, в четврток околу 01:30 часот.