Тијана Бошковиќ и Џордан Томпсон се хероини на денот, на одбојкарскиот турнир во Токио. Србинката и Американката имаа импресивни партии во максималните победи на своите репрезентации.
Бошковиќ и Томпсон забележаа по 34 поени, што е за само три поени помалку од олимпискиот рекорд на Бразилката Маријан Стајнбрехер, од полу-финалето против Русија во 2004 година, во кое беа одиграни пет сета.
Србија славеше над Јапонија со 3:0 (25:23, 25:16, 26:24), додека САД славеа над Кина, која го брани златниот медал со 3:0 (29:27, 25:22, 25:21).