Top Sport

Индиецот кој во кал е побрз од Јусеин Болт! (видео)

Јусеин Болт беше и останува поим за брзина. Но, еден индиски тркач со бикови успеа да направи нешто неверојатно – да биде побрз од Јамајчанецот на 100 метри.

Шриниваш Гоуда веднаш беше спореден со Болт откако на трката во провинцијата Карнатака, ја комплетираше трката од 142 метри со бикови во кал со 13.42 секунди, поставувајќи рекорд во традиционалниот индиски спорт.

Откако видеото стана вирално на социјалните мрежи, веднаш беше пресметано дека тој поминал 100 метри за 9.55 секунди, за 0.03 секунди побрзо од светскиот рекорд на 100 метри на Болт. 28-годишниот Гоуда, кој работи како градежен работник, не сака да го споредуваат со Болт.

„Луѓето зборуваат дека сум ист како Јусеин Болт. Но, тој е светски шампион, додека јас само трчам по кал“, изјави Гоуда.

Scroll to Top