Top Sport

Ол-стар МВП наградата ќе го носи името на Коби Брајант

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер потврди дека МВП наградата на Ол-стар натпреварот постојано ќе го носи името на легендата на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант.

Брајант, кој 18 пати настапуваше на Ол-старот и четири пати ја освојуваше МВП наградата, заедно со својата 13-годишна ќерка Џиџи и седум други луѓе загина во хеликоптерска несреќа во Лос Анџелес на 26 јануари. Тој имаше само 41 година.

Коби Брајант МВП наградата ќе биде доделена вечерва на на најдобриот играч на крајот на Ол-стар натпреварот во Чикаго, каде што лигата со неколку геста го славеше животот на Брајант и неговата ќерка.

„Коби Брајант е синоним за НБА Ол-старот и целосно беше посветен на духот на глобалната прослава на нашиот спорт. Тој секогаш сакаше да се натпреварува со најдобрите и на највисоко ниво“, изјави Силвер.

Scroll to Top