Top Sport

Прославата „забегала“ – Перуанецот го немаше три дена

Ѕвездата на перуанската репрезентација, Кристијан Куева беше отсутен на двата тренинзи во петокот и саботата за бразилскиот тим Сао Пауло, откако прославата на квалификувањето на СП во Русија малку „забегала“.

Плејмејкерот на Сао Пауло беше еден од клучните играчи на Перу во текот на квалификациите кои завршија минатата недела со победа над Нов Зеланд, за прв пласман на СП од 1982 година за „Инките“. Прославата веќе предизвика земјотрес, а владата го прогласи следниот ден за национален празник.

Куева очигледно продолжил со прославата откако пропуштил два дена тренинг, но претседателот на Сао Пауло, Карлос Алберто де Барош реши да му „прости“ на својот играч.

„Знам дека помина низ еден од најголемите моменти во историјата на перуанскиот фудбал. По 36 години тие се на Мундијал, така што прославата беше природна. Не знам дали ќе игра наскоро, бидејќи тоа е одлука на тренерот, но нема да има казна“, вели Барош.

Прославата на голот на Перу предизвикала земјотрес!

Перу последен учесник на Мундијалот (Видео)

Scroll to Top