Top Sport

Индонезија се кандидираше за организација на ОИ во 2032 година

Индонезија е земја-кандидат за организација на Олимписките игри во 2032 година, соопшти заменикот на претседателот на Олимпискиот комитет на Индонезија, Мудај Маданг.

Претседателот на државата, Џоко Видодо, во август минатата година ги објави плановите за кандидатурата, откако претходно градовите Џакарта и Палембанг беа успешни организатори на Игрита на Азија.

Кандидатура за ОИ во 2032 наводно ќе понесе и Индија, а најавена и заедничка кандидатура на Северна и Јужна Кореја.

Исто така интерес за организација на Игрите покажале Австралија и Русија.

Scroll to Top