Top Sport

Интензивно соочување Усик-Џошуа пред саботната пресметка

Непоразениот светски шампион во тешка категорија, Олександер Усик го исполни ветувањето и беше најтежок пред еден меч, откако стрелката на вагата застана на 221 фунти (100.2 килограми), додека и неговиот противник, поранешниот шампион, Ентони Џошуа беше значително потежок со 244 фунти (110.6 килограми) пред пресметката во Џеда, Саудиска Арабија.

Тежината на двајцата боксери, инаку двајцата поранешни олимписки шампиони, беше тема на дискусија во неделите пред мечот, откако се тврдеше дека Џошуа ќе се обиде да го надбоксува Украинецот, кој беше технички супериорен во првиот меч, на што Усик наводно ќе одговореше со масивно зголемување на килограмите.

„Вашите очекувања не се исполнуваат секогаш“, изјави Усик по мерењето.

Откако по првото соочување Усик почна со украинска патриотска песна, сега, двајцата боксери долго време не сакаа да го тргнат погледот, највувајќи интересна борба.

Scroll to Top