Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) дисквалификуваше четири руски натпреварувачи во скелетон поради прекршување на анти-допинг правилата.
Помеѓу тие што добија доживотна забрана за настап на Олимпијадата се олимпискиот шампион од Сочи 2014, Александер Третјаков и освојувачката на бронза, Елена Никитина, заедно со Марија Орлова и Олга Политицина.
„Четирите спортисти нема да можат да настапуваат на сите верзии на Олимписките Игри“, се вели во соопштението на ИОЦ.
Тие исто така се дисквалификувани од Сочи, што значи дека Третјаков и Никитина ги губат олимписките медали, но ИОЦ не дефинираше какви допинг-прекршоци направиле.
ИОЦ ги ре-тестира сите примероци на руските спортисти од Олимпијадата во Сочи во 2014 година, а следниот месец ќе мора да одлучи за учеството и начинот на учество на Русија на Олимпијадата во Пјеонгчанг во февруари.
Наместо суспензија, сè поблиску до руски бојкот на Олимпијадата