Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) потврди дека доживотни олимписки суспензии добиле уште тројца руски боб-санкачи, Александер Касјанов, Алексеј Пушкарев и Илвир Хузин поради обвиненијата за допинг на Олимпијадата во Сочи во 2014 година.
Со овој потег, Русија сега има дури 20 доживотно суспендирани зимски спортисти. Тројцата боб-санкачи се натпреваруваа, но не освоија медали во Сочи, а минатиот викенд беа дел од тимот кој победи на натпреварување од Светскиот куп.
Претседателот на руската боб-санкачка федерација, Александер Зубков, кој и самиот доби суспензија, ги обвини ИОЦ за ослабување на неговиот тим.
„Ќе направат сè што е можно нашата земја да оди на Олимпијадата со спортисти од трета или четврта класса“, вели Зубков, кој ги загуби двете олимписки злата од Сочи по суспензијата, но вети дека ќе се бори пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС).
Портпаролот на руската влада, Дмитриј Песков пак, вети дека нацијата ќе направи сè да ги заштити правата на руските спортисти, додавајќи дека се работи за анти-руска кампања на запад.
„Ги отфрламе сите обвинувања дека руската држава е вклучена во допингувањето на руските спортисти“, додаде Песков.