Top Sport

„Иранскиот Хулк“ го покажа тренингот – со рака во ѕид, со чекан по гуми!

Саџад Гариби, самонаречениот „Ирански Хулк“ ги загреа своите фанови со видео на кои се подготвува за боксерската пресметка со неговиот голем (во буквална смисла) ривал, британскиот бодибилдер Мартин Форд, покажувајќи ја својата сила.

Гариби за своите 600.000 следбеници на социјалните мрежи објави четириминутно видео од подготовките, во кои витка метал, крева тегови, удира со тупаница во ѕид и со чекан удира по гуми.

„Да, ова е лично. Прекрасни бели заби, со сите спонзори пред себе и со драгите фанови кои ме мотивираат. Не е важно. Различни услови, воопшто не се важни. Дури и во најлошите услови, јас сум најдобар. Ќе се видиме на 2 април“, ветува Гариби.

Мечот ќе се оддржи во „О2 Арената“ во Лондон, каде што Форд ќе биде пред своите фанови. Тој има 3.1 милиони следбеници на социјалните мрежи.

„О2 е букиран!“, напиша Форд, кој од 2018 година се обидува да обезбеди меч со Гариби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by iranian hulk (@sajadgharibiofficial)

Нов луд боксерски меч – „најстрашниот човек на планетата“ против „Иранскиот Хулк“!

 

Scroll to Top