Top Sport

Иронијата е голема – Вимблдон „забрани“ Руси, во финалето ќе игра московјанка!

Организаторите на Вимблдон решија да не дозволат ситуација во која руски (или белоруски) тенисер или тенисерка можат да стигнат до титулата за да не се „промовира режимот на Владимир Путин“, но пред саботното финале во женска ситуација се наоѓаат во „незгодна“ ситуација трофејот „Венус Роузвотер диш“ да го дадат во рацете на девојка родена во Москва, коментира „Гардијан“.

Иако од 2018 година игра под знамето на Казахстан, 23-годишната Елена Рибакина е родена во Москва и настапуваше за Русија додека од Казахстанската тениска федерација не и понудија голема финансиска поддршка. Ако успее да ја победи третата носителка, Тунижанката Онс Жабер, Британците се наоѓаат пред ситуација во која војвотката Кејт Мидлтон ќе треба да даде трофеј токму на една Русинка.

„Би било малку незгодно за очи војвотката од Кембриџ да го додели трофејот на тенисерка која е родена во Москва и ја претставуваше Русија на јуниорско ниво“, коментираат во „Тајмс“.

„Невозможно е да се остане имун на радоста на Рибакина и на квалитетот на нејзиниот тенис. Но, зад сцените и културните насмевки, првите луѓе на Вимблдон се наоѓаат во непријатна позиција“, велат во „Гардијан“.

Самата Рибакина, сакаше да ги избегне „геополитичките прашања“.

„Играм за Казахстан долго време и среќна сум. Тие веруваа во мене и нема прашање како се чувствувам. Јас, всушност сум од ВТА турнејата, бидејќи патувам секоја недела. Тренирам во Словачка меѓу турнирите. Имам тренинг-камп и во Дубаи, така што искрено не живеам никаде, како номад,“ објаснува Рибакина.

Scroll to Top