Top Sport

Ирски олимпиец во таеквондо брутално претепан на улица во Даблин (фото)

Во центарот на Даблин од непознати сторители бил нападнат и крваво претепан 22-годишниот ирски олимпиец во таеквондо, Џек Вули, јавуваат тамошните медиуми.

„Веднаш утрината мораше да му се направи итна операција, но истата е одложена. Тој е момче кое добро изгледа, страв ми е како ќе биде по реконструкцијата на лицето. Мислиме дека нападот бил смислен, ужасно, но можеше да помине уште полошо“ изјави неговата мајка.

Полицијата трага по напаѓачите.

„Излегов во град нешто да јадам и да се напијам неколку пијалоци. На улица група од десетина мажи и жени напаѓаа луѓе долж шеталиштето. За жал, и јас бев шртва на таа група. Еден од нив без причина ме удри во лицето. За среќа, успеав да повикам брза помош и да останам свесен. Им благодарам на сите за пораките со поддршка“ напишал младиот спортист на социјалните мрежи.

Еве како изгледал непосредно по нападот:

Scroll to Top