Џулиус Секитолеко, репрезентативец на Уганда во кревање тегови, пред три дена исчезна од Олимпиското село во Токио. Тој е жив и здрав, но не сака да биде најден, пишуваат јапонските медиуми.
Секотилеко, исчезна на 16.јули. Полицијата веднаш организираше потрага. Јапонските власти ставувале дека се случило најлошото, меѓутоа како што објави Си-ен-ен, репрезентативецот ан Уганда оставил порака.
Во пораката пишувало дека тој не сака да се врати во Уганда, поради тешките услови за живот кои владеат во земјата.
„Сакам да работам во Јапонија“, напишал меѓу другото Секитолеко.
Во пораката тој ја моли олимписката делегација на Уганда, неговите работи да бидат испорачани на семејството.
Полицијата и понатаму го бара 20-годишникот. Засега е познато дека тој со воз од Токио заминал во Осака.