Стефанос Циципас ќе му се спротивстави на Карен Хачанов во првото полуфинале на Австралија опен. Гркот во последниот меч од денешната програма го победи Јиржи Лехечка.
Циципас на искуство славеше против 21. годишниот Чех, со што го повтори резултатот од минатата година кога исто така играше во полуфиналето, во кое беше поразен од Данил Медведев.
Циципас славеше во три сета со 6:3, 7:6, 6:4.
Првиот сет го доби откако направи брејк во вториот гем. До 2:0 во сетови дојде во тај-брејкот, откако во четвртиот гем спаси пет брејк топки. Еден брејк и тоа во 10.гем му беше доволен да го освои третиот сет, откако претходно во седмиот гем спаси три врзани брејк топки.