Top Sport

Испадна од Вимблдон па ги искрши сите рекети

Акира Сантилјан, Јапонец од Австралија и во моментов 215 играч на АТП листата, го привлече вниманието по „настапот“ што го имаше откако загуби во квалификациите во Вимблдон.

Сантилјан во втората рунда од квалификациите не успеа да го мине Белгиецот Рубен Бемемлманс. Третиот сет тенисерот од Белгија го доби со 12:10. Начинот на кој го загубил мечот толку го налутил Сантилјан, кој откако излегол од теренот во Рохемптон ги искршил своите пет рекети.

Потоа 22 годишникот рекол дека едноставно треба да престане да игра тенис.

Scroll to Top