Top Sport

Историска прва победа на Македонија на ЕП, „соборена“ Белорусија!

Македонија ја забележи првата победа во својот прв настап на Европското првенство во одбојка, откако во Љубљана по тесниот старт успеа да триумфира над Белорусија со 3:1 (23:25, 25:19, 29:27, 25:20).

По поразите од Финска, Турција и фаворитот за злато Русија, Белорусија пристигна како „мелем“, но до триумфот не се дојде лесно. Во тесниот прв сет, Белорусите во финишот беа поконцентрирани и поведоа со 1:0, но потоа на сцена стапи Никола Ѓорѓиев, кој со фантастична игра ги предводеше момците до израмнување со убедливиот втор сет (25:19), а потоа и до клучниот втор сет, кој го добивме со 29:27.

Во последниот сет, беше тешко да се сочуваат нервите, но сепак момците направија предност од почетокот и ја комплетираа победата. Ѓорѓиев блесна со 37 поени, Љафтов додаде 15, додека кај ривалите, Мишкевич заврши со 12.

Утре (17.30 часот), Македонија ја чека уште еден голем предизвик, дуел со домаќинот Словенија.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

ГРУПА А

Романија – Грција 1:3 (25:23, 24:26, 25:27, 21:25)

Франција – Бугарија 3:0 (25:19, 25:21, 25:14)

Табела: 1.Франција 12, 2.Италија 9, 3.Бугарија 9, 4.Грција 3, 5.Португалија 0, 6.Романија 0

ГРУПА Б

Австрија – Германија 0:3 (23:25, 15:25, 16:25)

Шпанија – Србија 1:3 (25:21, 19:25, 19:25, 20:25)

Табела: 1.Србија 8, 2.Белгија 8, 3.Словачка 5, 4.Германија 4, 5.Шпанија 1, 6.Австрија 0

ГРУПА Ц

Русија – Финска 3:0 (25:17, 26:24, 25:22)

Белорусија – Македонија 1:3 (25:23, 19:25, 27:29, 20:25)

Табела: 1.Русија 12, 2.Словенија 9, 3.Финска 4, 4.Турција 3, 5.Македонија 2, 6.Белорусија 2

ГРУПА Д

Црна Гора – Украина 1:3 (25:19, 18:25, 15:25, 19:25)

Полска – Чешка 3:0 (25:18, 25:12, 25:15)

Табела: 1.Полска 9, 2.Холандија 6, 3.Украина 6, 4.Чешка 3, 5.Црна Гора 3, 6.Естонија 0

Scroll to Top